„Ништо не вели среќен роденден подобро од електронската пошта, телефоните, поштенските кодови од милион Американци“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 април, 2020 15:37

МЕЛАНИЈА ТРАМП ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕН- КОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА ИМА 50 ГОДИНИ: Доби честитки од милион американци!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Tanjug, ФОТО: Profimedia

Сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп во неделата го прослави својот  50 роденден, а социјалната мрежа со Твитер беше преплавена со честитки во текот на денот, а некои дури имаа и 6.000 ретвитови, со честа употреба на службената кратенка на ФЛОТУС (Прва дама на Соединетите држави), што значи Прва дама на Соединетите американски држави.

Првата дама на САД е родена на 26 април 1970 година во Словенија, на 18-годишна возраст била професионален модел и се преселила во Њујорк во 1996 година. Поранешната манекенка се омажи за Трамп во 2005 година, а нивниот син Барон се роди следната година.

Една од идеите на добротворниот фонд на Трамп беше, според списанието „Атлантик“ од Бостон, да покрене акција со која Меланија  за својот 50-ти роденден  би добила честитки од милиони Американци, а според  списанието, таа иницијатива била чудна затоа што со потписот на 1.000.000 Американци би биле потребни телефонски број и поштенски код  како и е-пошта.

Новинар во списанието „Атлатинк“, од кого било побарано да ја поддржи акцијата, бил прашан дали може да чува тајна, за што тој рече дека не му е јасно дали е подобро за Меланија да добие милион поштенски броеви или милион различни поздрави и роденденски желби.

Тој додаде дека тој и списанието, основано во 1857 година, се придружиле во честитањето на роденденот на првата дама со текст, кој е насловен

„Ништо не вели среќен роденден подобро од електронската пошта, телефоните, поштенските кодови од милион Американци“.

Според медиумите Претседателот и го честитал роденденот на Првата дама на Твитер со пораката „Среќен роденден на Меланија, нашата сјајна прва дама!“ Во медиумските извештаи се вели дека Меланија Трамп се очекува да го прослави својот роденден како повеќето Американци за време на пандемијата на коронавирус – дома.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.