Потпретседателот на Собранието денеска изјави за медиумите дека не може да се пазарува со премиерот за Министерството за локална самуправа. Според него ова министерство му припаѓа на Албанците. Мемеди побара од Заев да го повлече предлогот за разрешување на нивниот министер, а ДУИ да не гласа за истиот предлог.

Објавил: Весна Петровска | 26 јуни, 2019 18:22

Мемеди изреволтиран од Заев – ќе ја напушта и Владата и Собранието

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По серијата оставки, се подготвуваат нови  оставки и тоа овој пат на потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, по него и  сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата НДП, поради тоа што реконструкцијата на Заев го опфати и министерот за локална самоуправа, кој е кадар на НДП.

Потпретседателот на Собранието денеска изјави за медиумите дека не може да се пазарува со премиерот за Министерството за локална самуправа. Според него ова министерство му припаѓа на Албанците. Мемеди побара од Заев да го повлече предлогот за разрешување на нивниот министер, а ДУИ да не гласа за истиот предлог.

-Не може да има пазарења со министерството бидејќи ова министерство секогаш им припаѓаше на Албанците. Немам мандат да го дадам ова министерство на СДСМ. Немам морално право да го жртвувам министерот Сухејл Фазлиу, зад кој стои национална и верска елита – рече Мемеди.

Тој додаде дека позициите не се важни за НДП и рече дека освен Собранието, оваа партија ќе ја напушти и извршната власт.

-Ние не сакаме да бидеме дел од овој договор, позициите не се важни за нас, но симболиката на она што ние застапуваме и браниме. За да го покажеме ова ќе поднесеме неотповиклива оставка од сите дирекции и управни одбори, и повлекување од функцијата заменик-претседател на Собранието, како и предавање на мандатот на пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија – рече Мемеди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести