Мендух Тачи и ДПА по конечното коалицирањето со СДСМ по две децении со ставови кои се косат и со неговите убедувања но и политиките на партијата основани од Арбен Џафери

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 6:50

Мендух Тачи со порака до ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политиката на тврдоглавост на ВМРО – ДПМНЕ не оди во прилог на интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.

Со оваа политика повторно се комплицираат меѓуетничките односи во земјата, што е опасно.

Ова го изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи во дебатната емисија на албанската телевизија “АБЦ” посветена на референдумот во Македонија.

Тачи додаде дека на ВМРО ДПМНЕ му е јасно дека оваа политика на неинтегрирање во НATO и ЕУ, ќе доведе до состојба да ниту една политика партија на Албанците во Македонија не влегува во колиција со ВМРО – ДПМНЕ и да победи на избори.

Претседателот на ДПА оцени дека референдумот во Македонија е успешен, бидејки 6оо илјади гласови ниту една партија нема добиено на избори во земјата. Во врска со излезеноста на гласачките места, Тачи подвлече дека над 7о насто од Албанците излегле на референдум .

Околу 4о насто од Албанците во Македонија се на работа во странство така што и бројките на избирачкиот список не се објективни. Во земјата нема попис повеке од 17 години. –  рече тој. Референдумот беше консултативен и бројот на излезеноста е гаранција дека сега Собранието треба да започе со уставни промени. Според него меѓународниот фактор и актуелната власт заедно со опозицијата треба да направат големи напори проблемот да се надмине во Собранието.

Ако не, додава Тачи, тогаш неминовни се избори бидејки нема друго решение.

Албанците ја полчитуваат спогодбата на Македонија и Грција, и се целосно определени Македонија да биде членка на НАТОи ЕУ, д руго решение за земјата нема. – додаде Тачи во дебатата во која учествувааше и поранешниот министер за надворешни работи на Албанија Паскал Мило кој оцени дека Македонија нема дру пат освен оној кој ја интегрира земјата во НАТО Алијансата и ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести