Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија.

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2021 21:13

МЕПСО: Дрво падна врз далекувод, Дебар и околината се без струја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места!

Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот.

кипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести