„Заев кажа, се што ви треба одете земете пари во партијата. Јас реков дека додека сум здрава и права никогаш нема од партијта да земам пари, ќе работам и тоа што ќе го сработам ќе знам дека е мое.“ вели Николова Буџаку.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2020 10:07

МЕРИ НИКОЛОВА БУЏАКУ: Заев ми нудеше пари и директорска позиција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчеравечер во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа, Мери Николова Буџаку која е поранешна активистка на СДСМ и шарена револуционерка јавно кажа дека Заев и нудел пари, велејќи да оди во седиштето на СДСМ и да земе колку сака.

Мери Николова беше една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата.

„Заев кажа, се што ви треба одете земете пари во партијата. Јас реков дека додека сум здрава и права никогаш нема од партијта да земам пари, ќе работам и тоа што ќе го сработам ќе знам дека е мое.“ вели Николова Буџаку.

Мери открива дека во времето кога била дел од Шарената револуција и активистка на владејачката партија, и било понудена функција директор на затвор, но не прифатила.

„Ние имавме средба, после 8 месеци, разговаравме и после две недели го смени својот став, во меѓувреме, јас му кажав: очекував дека ќе бидете човек и ќе ги повикате правите борци, не само оние кои што знаат да се додворуваат, а ние додека се боревме тие правеле листа кој на која функција треба да седне. Нашиот разговор беше само еднаш, после победата, сите наши договарања биле преку вибер.“ истакна Николова Буџаку

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести