Мери на јавноста и е позната по тоа дека беше една од најгласните на „шарена револуционерка“ и гласна активистка на СДСМ, но таа со разочараност говори за владејачката партија и посочува дека понудата на Ахмети ја прифатила  затоа што тој искрено ја препознал нејзината способност како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2020 10:48

Мери Николова се најде на листата на ДУИ: Не ме излажаа ништо, ја препознаа мојата способност!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мери Николова Буџаку, сопругата на Агрон Буџаку, поранешниот министер за транспорт и врски и македонски амбасадор во Франција, преку својот Фејсбук профил, упати јавна благодарност до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Имено Мери се најде на кандидатската листа на партијата во Изборната единица 3.

Фејсбук статус на Мери Николова

Мери на јавноста и е позната по тоа дека беше една од најгласните на „шарена револуционерка“ и гласна активистка на СДСМ, но таа со разочараност говори за владејачката партија и посочува дека понудата на Ахмети ја прифатила  затоа што тој искрено ја препознал нејзината способност како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава.

Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа. Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3. Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа. Ако ним и треба жена борец, мени ми треба Лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор, пишува Николова Буџаку на „Фејсбук“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести