Меркел на прес-конференцијата го најави утрешниот состанокот на Евро-групата на кој ќе се разговара за предлогот на Советот на ЕУ и рече дека Германија ќе биде добро толку колку што ќе биде Европа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 19:12

МЕРКЕЛ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Ова е најголемиот предизвик за ЕУ од своето основање!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ се соочува со најголемиот предизвик уште од своето основање.

– Ние се соочуваме со голем предизвик за здравјето на граѓаните и сите држави членки се соочуваат со тоа. Затоа, мора да биде во интерес на сите, вклучително и за Германија, да не излеземе од оваа криза ослабени туку посилни “, рече таа.

Германската канцеларка Ангела Меркел  две недели помина во домашна изолација поради сомнеж за инфицираност со коронавирус.

Меркел на прес-конференцијата го најави утрешниот состанокот на Евро-групата на кој ќе се разговара за предлогот на Советот на ЕУ и рече дека Германија ќе биде добро толку колку што ќе биде Европа.

Таа истакна дека во оваа криза можело да се види колку економии се мрежни и испреплетени и дека одговорот мора да биде само во Европа, посилна Европа која работи добро во сите делови на и во сите нејзини членки.

Таа изјави дека земјите што се членки на Еврогрупата се особено поврзани и дека очекува министрите за финансии да дадат предлози за надминување на кризата.

Меркел потсети на постоењето на кризниот инструмент ЕСМ, кој има кредитни линии на располагање во случај на природни непогоди, додавајќи дека пандемијата секако спаѓа во нив.

Таа го поздрави предлогот на претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за зачувување на работни места, велејќи дека треба да се направат многу напори во оваа област.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.