Таа рече дека наредната недела ќе го прослави 65.роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

Објавил: admin@magazin | 11 јули, 2019 16:50

Ангела Меркел за прв пат раскажа детали за својата здравствена состојба!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека лично е заинтересирана да биде здрава и рече дека се грижи за своето здравје.

Меркел на новинарско прашање за нејзиното здравје на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен, изјави дека народот мора да ја разбере дека е многу свесна за одговорноста на нејзината работа. Одговорно се однесува кога нејзиното здравје е во прашање.

Таа рече дека наредната недела ќе го прослави 65.роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.
Германската канцеларка и данската премиерка  Мете Федериксен, денеска седеа за време на интонирањето на химните во Берлин.

Германската канцеларката вчера за време на воените почести при приемот на финскиот премиер Анти Рине, повторно не се чувствуваше добро.

Ангела Меркел е германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.

Образувана во насоката физичка хемија, Меркел влегла во политиката во бранот на револуциите од 1989, кратко служејќи како гласноговорник за источногерманската влада. По повторното обединување во 1990, била избрана во Бундестагот за изборниот округ Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген во покраината Мекленбург-Западна Померанија, која и денес претставува нејзина изборна единица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.