Меркел ова го изјави на средбата со пратениците од нејзиниот политички блок додавајќи дека никому не е во интерес само Германија да е силна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2020 8:46

Меркел: Клучно за Германија е да помогне на другите членки на ЕУ да застанат на нозе!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја, мора да им помогне на своите соседи во Европската унија да ги обноват економиите по завршувањето на кризата со коронавирусот.

Во 2007, Меркел била претседател на Европскиот Совет и го водела Г8, втора жена (по Маргарет Тачер) која го направила тоа. Играла средишна улога во преговорите за Лисабонскиот договор и Берлинската декларација. Еден од нејзините приоритети бил исто така да ги зајакне трансатлантските економски врски преку потпишување на договорот за Трансатлантскиот економски совет на 30 април 2007. Меркел одигра исклучителна улога во управувањето со финансиската криза на европско и светско ниво и била нарекувана како „одлучувач“.[5] Дома, реформата на здравствената заштита и проблемите во врски со изворите на енергија биле главни проблеми за време на нејзиниот мандат.

Меркел ова го изјави на средбата со пратениците од нејзиниот политички блок додавајќи дека никому не е во интерес само Германија да е силна.

Како што пренесува Хина, Меркел на состанокот изјавила дека клучно за Германија, како земја извозник е нејзините партнери во Унијата да напредуваат, реферирајќи се на разговорите за програмата за закрепнување на ЕУ, чии обем и финансирање сè уште не се дефинирани, пренесува Хина.

– Никому не е во интерес само Германија да е силна, истакна Меркел.

На средбата, таа се согласила со шефот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ Ралф Бринкхаус дека Германија ќе мора да трансферира значително повеќе финансиски средства во Брисел, а за одлуката за таа помош да биде вклучен и Бундестагот.

Бринкхаус претходно изјави дека Германија сака да им помогне на своите партнери од ЕУ, но дека мора да знае за што ќе се искористат тие средства.

За сега останува да се чека состанокот кој Европската Комисија треба да го одржи следната недела и да претстави ревидиран предлог буџет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.