Денеска германската канцеларка, Ангела Меркел, во владината изјава дадена во Бундестагот пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел потенцираше дека речиси и нема шанси за добивање согласност за преговори на двете држави .

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 октомври, 2019 11:07

Меркел: Мали се шансите за постигнување согласност со Франција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мали се шансите Македонија да добие датум за преговори односно да се постигне согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија.

Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива – рече германската канцеларка

Денеска германската канцеларка, Ангела Меркел, во владината изјава дадена во Бундестагот пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел потенцираше дека речиси и нема шанси за добивање согласност за преговори на двете држави .

Taa посочи дека мора да ги исполнат дадените верувања на двете држави Северна Македонија и на Албанија.

-Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ. Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива – рече германската канцеларка пренесе „Дојче веле“.

За потсетување Германската канцеларка вчера на средбата со францускиот претседател во Тулуз сигнализираше поддршка за желбата на Емануел Макрон за реформа на процесот на проширување на ЕУ, но континуирано најавува дека работи на убедување на Франција да попушти во поглед на давањето датум за почеток на преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.