“Мораме да разговараме со Франција многу интензивно, да ги одредиме елементите што треба да се подобрат, кои треба да се променат во процесот на проширување.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2019 18:21

МЕРКЕЛ ОД ЗАГРЕБ: Балканските земји го имаат своето место во ЕУ, но мора да се разговара интензивно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На конгресот на Европските народни партии што се одржа во Загреб, Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека мора да се разговара со Франција многу интензивно, да се одредат елементите што треба да се подобрат, кои треба да се променат во процесот на проширување.

Меркел рече дека сакаат договор, за да можат да се постигне напредок во конкретниот случај што е можно поскоро.

Поранешниот словенечки премиер, Јанез Јанша, рече дека ЕУ треба да ги избегне двојните стандарди и да ги започне преговорите со Скопје.

“Постојат тешки задачи и губење време и има задачи што можат лесно да се спроведат доколку има доволно политичка волја. Да почнеме со нив! Да ги задржиме нашите ветувања и да започнеме преговорите со Северна Македонија! Бугарија, Романија и Хрватска ги исполниле критериумите за Шенген-зоната. Да ги ставиме внатре и безбедноста низ целата Европа ќе се подобри”, изјави Јанез Јанша, претседател на Демократската партија на Словенија.

Премиерот Зоран Заев за Алсат рече дека причината за непочнувањето преговори со ЕУ не е во Македонија. Тој вели дека неправедно и нефер било што Франција не го кажала својот став порано.

-Очекувавме ЕУ да го исполни ветувањето, но не го исполни. Како што реков, направи историска грешка. Сите ветија. Па и Макрон, со самото видео, за кое сум му благодарен, во кое ги повикуваше граѓаните да гласаат на референудмот.

Франција и во минатото знаела да биде проблем. Не само за нас, и за други земји. Но, верувавме дека процесите можат да одат паралелно, бидејќи ние се исполнивме. Мора да биде јасно дека причината не сме ние. И Макрон потврди дека тие внатре не се спремни и имаше само позитивни зборови за Македонија. Нефер и неправдата е што Франција не го кажа својот став порано, па и пред да го направиме Преспанскиот договор. Тука е болката, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.