Меркел на конференцијата се осврна и на прашањето за економијата, односно истакна дека ќе се посвети и на прашањето за одржување на економската активност. Меркел рече дека за цел има да ги зачува работните места.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2020 17:47

Меркел: Очекувам да се влоши ситуацијата со коронавирусот, училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната годишна прес-конференција во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека очекува во наредните месеци состојбата со коронавирусот да се влоши. 

Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе се влоши во наредните месеци. Приоритет на мојата Влада ќе биде да му помогнеме на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата.Владата ќе стори сè за да обезбеди нашите деца да не бидат губитници на пандемијата. Училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање, рече Меркел на годишна прес-конференција во Берлин.

Меркел на конференцијата се осврна и на прашањето за економијата, односно истакна дека ќе се посвети и на прашањето за одржување на економската активност. Меркел рече дека за цел има да ги зачува работните места.

Трет приоритет ќе биде поттикнување на духот на социјална солидарност затоа што пандемијата влијае на некои луѓе, како што се стари лица или семејства со ниски примања, потешко од другите, додаде германската канцеларка.

Инаку кога станува збор за борбата со вирусот Ковид-19, Германија е една од ретките земји која успеа да го задржи бројот на новозаразени и починати на релативно ниско ниво во споредба со други големи европски земји.

Во последните неколку недели сепак и во Германија се зголеми бројот на новозаболени пациенти на дневно ниво.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.