Шпекулациите во медиумите осамнаа откако во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2019 15:19

Меркел се огласи по шпекулациите дека е тешко болна: ДОБРО СУМ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе на големо се шпекулира дека германската канцеларка Ангела Меркел боледува од тешка болест, а таа денеска за медиумите изјави дека е добро.

Во 1977, Ангела Каснер се омажила за студентот по физика Улрих Меркел и го зела неговото презиме. Бракот завршил со развод во 1982.Нејзиниот втор и денешен сопруг е квантен хемичар и професор Јоахим Зауер, кој во голема мерка останал надвор од медиумите. Прв пат се сретнале во 1981,подоцна станала двојка и се венчале на приватна церемонија на 30 декември 1998.Таа нема деца, но Зауер има два возрасни сина од претходниот брак. Меркел е позната по несакањето кучиња.Таа е страстен фудбалски обожавател и била позната по тоа дека ги слушала натпреварите додека била во Бундестагот и е чест гостин на официјалните натпревари на националната репрезенција.

Шпекулациите во медиумите осамнаа откако во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење.
– Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака.

Меркел истакна дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.

Првиот пат на неконтролирано тресење кај германската канцеларка беше забележано додека го дочекуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Според  “AP”, по завршувањето на химната, Германската канцеларка веќе била подобро благодарение на неколку чаши вода кои ги испила.

“Оттогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.

Вториот пат беше завчера за време на церемонија во Берлин кога трепереше и изгледаше како да не и е добро. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.