Канцеларката Меркел им се заблагодари на сите припадници на португалските служби за вонредни состојби кои неуморно работеа под тешки околности и услови на местото на несреќата.

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2019 14:51

Меркел: Тажна сум и шокирана за несреќата- сочувство до фамилиите на загинатите !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е шокирана и тажна поради автобуската несреќа на германски туристи на португалскиот остров Мадеира, во која вчера загинаа 29 лица, а 27 се повредени.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази сочувство до семејствата на настраданите во вчерашната несреќа. Меркел изрази голема надеж дека повредените и нивните семејства целосно ќе закрепнат од физичките и психичките повреди кои ги доживееја вчера.

Канцеларката Меркел им се заблагодари на сите припадници на португалските служби за вонредни состојби кои неуморно работеа под тешки околности и услови на местото на несреќата”.

Во тешка автобуска сообраќајна несреќа која се случи вчера во вечерните часови на португалскиот остров Мадеири, загинаа 29 лица, а додека пак 27 лица се повредени.

Потпретседателот на регионалната влада на Мадеира, Педро Каладо на прес-конференција рече дека повредените, меѓу кои и португалскиот возач и локалниот водич, се пренесени во локалната болница.

Во автобуска сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 18:30 минути на португалскиот остров Мадеира, загинаа најмалку 29 лица, а додека пак 27 се повредени. Како што пренесе Ројтерс сите загинати се германски државјани.

Автобусот заедно со возачот и 55 туристи од Германија, се преврте во среда во 18:30 часот на португалскиот остров Мадеира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.