Имајќи ја предвид оваа состојба и фактичката состојба во Струга, која укажува на фактот дека и пред моето доаѓање на власт, како и од доаѓањето на власт навака не е изградена ниту една дивоградба.

Објавил: admin@magazin | 19 јули, 2019 21:16

Мерко: Од кога дојдов на власт во Струга не е изградена ниту една дивоградба, а најмалку направена узурпација на државно земјиште

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, вели дека вели дека Струга и граѓаните веќе подолго време се изложени на континуирани и неоправдани медиумски и политички напади дека се што се работи во Струга е надвор од Законските одредби и спротивно на интересите на државата, односно интересите на УНЕСКО.

Како што стои на официјалната фејсбук страна на Општина Струга, денес беше споделено писмо, каде Мерко се обраќа до вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку, до вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, до вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, до заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Имајќи ја предвид мојата отвореност и транспарентност како човек кој доаѓа од бизнис заедницата за кој последните случувања и неможноста да им излезам во пресрет на бизнис заедницата и граѓаните на општина Струга и да им помогнам да го развиеме нашиот град и да опстоиме во неговиот развој и во насока на спроведување на законите на РСМ, како градоначалник на Општина Струга имајќи ги предвид и последните случувања и политичката состојба во државата одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизмот во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО.

Се надевам дека Вие како централна власт со вашите капацитети ќе имате подобро разбирање и визија за потребите на бизнис заедницата и општина Струга, стои во писмото.

Нефи Усеини советникот од Општина Охрид, пред неколку денови заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ја пресече црвената лента на церемонијата, по повод отворањето на пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид.

Мерко во писмото вели дека Струга и граѓаните веќе подолго време се изложени на континуирани и неоправдани медиумски и политички напади дека се што се работи во Струга е надвор од Законските одредби и спротивно на интересите на државата, односно интересите на УНЕСКО.

 Имајќи ја предвид оваа состојба и фактичката состојба во Струга, која укажува на фактот дека и пред моето доаѓање на власт, како и од доаѓањето на власт навака не е изградена ниту една дивоградба, а најмалку е направена узурпација на државно земјиште или нанесување на штета на еколошката состојба во градот, стои во писмото на Мерко до ресорните министри.

Тој тврди дека е притиснат од од бизнис заедницата и турситичките работници од една страна и континуираното и намерно блокирање на туристичкиот развој и зголемување на туриситчките капацитети во Струга од друга страна, каде, како што е наведено, Министерството за транспорт и врски заедно со Комисијата на УНЕСКО одбиваат да донесат било каква промена за деталните урбанистички планови на цела територија на Општина Струга и намерно го блокираат економскит развој на градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести