Макрадули појасни дека нема потреба да знаеме која е загаденоста на воздухот кога мерните станици впрочем се расипани, па планираат како Влада следната година да набават нови

Објавил: Мартин Попоски | 18 ноември, 2018 6:39

Мерните станици ќе се санираат, следната година

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Нефункционирањето на инструментите за ПМ10 честички на мерните станици нема да биде прикажано како намалување на загадувањето на воздухот во годишните извештаи, изјави заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Макрадули смета дека Планот за чист воздух е одличен, за следната година.

Не, нема да бидат прикажани како намалување на загадувањето бидејќи не работат. Сакам да го потенцирам уште еднаш Планот за чист воздух кој се справува со загадувачите. Дали мерната станица покажува 100 или 150 микрограми на кубен метар е важно, но најбитно е да го спречиме тој што предизвикал 150. Планот се базира токму на тоа, како да го решиме загадувањето. – вели Макрадули.

Тој информираше дека со Планот се предвидува во 2019 година да се набават комплетно нови инструменти за веќе постоечките 18 мерни станици. Во мониторингот ќе има предвидување во реално време, односно тридневна проекција на загадувањето.

Во 2019 година со буџетските алокации и со помошта што ќе ја добиеме од европските партнери, дел набавката на комплетно нови инструменти ќе биде направена брзо на почетокот на 2019 година. Не сакаме поради нецелосниот квалитет на инструментот да направиме проблем. Сакам да кажам дека во една мерна станица има пет или шест различни инструменти, се мерат ПМ2,5 честички, ПМ10, озон, сулфур диоксид и јаглерод. Останува наша обврска до тогаш, можеби со соседните земји, преку нашите колеги од другите министерства, да најдеме можеби времено решение, а новата набавка ќе се случи на почетокот на 2019 година. – вели Макрадули.

Прашање на кое Макрадули нема одговор е каде е расорниот министер Дураку, кој јавноста на прес за загадувањето го нема видено од именувањето?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести