Тој истакна дека нажалост во Албанија, принципите и вредностите кои како што вели се столб и срце на демократскиот свет, воопшто не се почитуваат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2019 14:54

Мета со порака до граѓаните: Да ја вратиме Албанија на Албанците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на албанската држава Илир Мета  упати порака до граѓаните за време на своето обраќање на Меѓународниот ден на демократијата, потсетувајќи дека во темелите на демократијата е гласањето, правото на секој граѓанин да избира и да биде избран, политички плурализам.

Мета со порака до граѓаните: Да ја вратиме Албанија на Албанците, или сега или никогаш

Тој истакна дека нажалост во Албанија, принципите и вредностите кои како што вели се столб и срце на демократскиот свет, воопшто не се почитуваат.

Мета истакна дека денес Албанија е последна во регионот пред вратата на ЕУ.

–Опасната појава на паралелна држава на пропаганда и јавно приватно партнерство и подземни агенди кои ја фатија за врат Албанија, не се ништо друго освен заговор против демократијата, секоја нејзина вредност и начело, против суверенитетот на сите граѓани, кои сакаат вистинска европска и западна демократија – пишува Мета во пораката објавена на Фејсбук.

Мета истакна дека денес тие имаат заедничка цел и историска мисија: Да ја спасиме демократијата од заложништво на едно неодговорно и нелегитимно малцинство.

–Времето не чека! Ова е нашата битка! На слободните, чесни и вредни луѓе на нашата прекрасна младост! И на сите нас кои ја сакаме Албанија со нашите срца и души! И јас сум порешителен од кога било! За демократска Албанија, како цела Европа! Бидејќи за слободата, демократијата и човечкото достоинство не се преговара – порача Мета.

Мета се обрати кон граѓаните со моќна порака со која порачува дека демократијата денеска е патриотска должност со цел „да се врати вербата на секој граѓанин, секој млад човек, дека најдобрата иднина е единствено во нивната држава и дека решението не може да се бара надвор од неа.

–Заминувањето од земјата не е решение, туку будењето и промената! Заминувањето ги интересира оние што сакаат да ја испразнат Албанија од Албанците, така што тие со време планираа бавно убивање на демократијата и владеењето на правото. Да ја вратиме Албанија на Албанците и единствено ним!Или сега или никогаш!Затоа што нашата младина надвор може да најде се што и недостасува денес тука, но тие никогаш нема да најдат татковина – стои во пораката на Мета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.