Со кој памет федерацијата го одобри и поддржа настанот?

Објавил: Перо Милчин | 31 август, 2019 16:09

МЕШКОСКА: Кој одлучи дека Марко треба да плива 64км? Кој е докторот кој даде одобрување за вакво нешто?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонската прославена пливачка која е денес инструктор по пливање и професор на Факултетот за физичка култура и спорт, Наташа Мешковска испрати критики кон родителите на Марко, но и за целата федерација за подвигот кој сакаше да го направи Марко.

Наташа Мешковска на социјалните мрежи напиша:

– Почитувани пријатели, дали Марко можеше да плива 10км, за подигање на свеста? Кој одлучи дека треба да плива токму 64км? Кој е докторот кој даде одобрување за вакво нешто?

Со кој памет федерацијата го одобри и поддржа настанот? Најдобронамерно, апел до родителите и тимот (ако воопшто го има), во иднина, консултирајте стручни лица пред да го ставите детскиот живот во опасност? Ако не им верувате на нашите, консултирајте било кој од фелата во регионот“, порача Мешковска преку Фејсбук профилот.

Марко Пејчиновски, минатата година на 12-годишна возраст направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница.

Оваа година Марко поради болката во ногата беше принуден да го откаже пливањето на истата делница, но во изјава за медиумите рече дека неговата желба за истиот подвиг не застанува тука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.