Иако постоеше јавно расположение, денешната изјава на британската премиерка стави крај на надежите дека официјален Лондон ќе се спаси од Брегзит

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 15:18

Меј: Нов референдум за Брегзит би било предавство на демократијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премирката на Велика Британија, Тереза Меј денеска изјави дека нема да овозможи уште еден референдум за членството на земјата во Европска унија.

– Со повторно поставување на такво прашање, тоа би било големо предавство на деократијата, наведува Меј во авторски текст во „Телеграф“.

Таа истакнува дека нема да биде натерана да прави компромиси со Брисел, кои не се во национален интерес.

– Следните месеци ќе бидат критични за обликување на иднината на нашата земја и нема сомнеж во тоа што треба да го направам, посочи Меј.

Британската премиерка се соочува со се посилна кампања за организирање на уште еден референдум за излез на Велика Британија од ЕУ.

ЕУ условно го прифати планот на премиерката Меј, кој подразбира заштита на прекуграничната трговија, но пред нив се тешки преговори.

Планот подразбира Велика Британија да остане во зона на слободна трговија со ЕУ, но според некои критичари на тој начин некои делови од британската економија и понатаму ќе зависат од правилата на Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести