Меџити истакна дека како што дише Парламентт на албански, исто ќе биде и со Владата

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2019 12:10

Меџити: Претседателството ќе дишe албански како и Парламентот и Владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изет Меџити, шефот на изборниот штаб за претседателските избори, пред жителите на  Боговиње и села кои гравитираат во оваа општина, истакна дека во текот на оваа недела на кампањата стана појасна идеја за консензуалниот кандидат за претседател на државата, идеја која одамна е пласирана од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За време на неговиот втор мандат како градоначалник на Чаир донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.

Меџити истакна дека како што дише Парламентт на албански, исто ќе биде и со Владата, бидејќи лбанците во државава сакале претседател кој ќе му помогне на евроинтегративниот процес.

-Така како што албански дише Парламентот, дише на албански и Владата на Република Северна Македонија, сакаме и претседателството да биде во ист дух, затоа што сакаме да имаме претседател кој ќе му помогне на евроинтегративниот процес, а не како сегашниот претседател Иванов. Повикувам да се комуницира со граѓаните, со цел да се прошири идејата за консензуален претседател, и да се прошири идејата дека ние не сме заинтересирани само да учествуваме, да изгориме некој политички, туку едноставно заинтересирани сме за придвижување на земјата кон НАТО и Европската Унија, истакна Меџити.

Инаку Изет Меџити ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година. Тој е роден е во Скопје, 1977 година. Средно образование стекнал во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет – Скопје, а сега е на пост-дипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во средното училиште „Арсени Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.

Тој беше едне од главните иницијатори за поставувањето споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад. Меџити бил вмешан и во инцидентот од 2011 година кога беше урната црквата на Скопско кале, со што се заострија меѓуверските односи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.