Северина Којиќ деновиве постојано објавува трогателни фотографии, па и овој пат на својот Инстаграм профил, објави емотивна фотографија по концертот во Загреб, на кој била и нејзината мајка. Таа напиша дека нејзината мајка ја научила да биде силна, и дека би умрела за својот син.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 11:31

“Ме научи дека би умрела за мене, како и јас за својот син”- нова трогателна порака од Северина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата хрватска пејачка во моментот поминува низ пекол, откако нејзиниот поранешен сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ го доби старателството над синот Александар.

Северина објави емотивна порака…

Северина Којиќ деновиве постојано објавува трогателни фотографии, па и овој пат на својот Инстаграм профил, објави емотивна фотографија по концертот во Загреб, на кој била и нејзината мајка. Таа напиша дека нејзината мајка ја научила да биде силна, и дека би умрела за својот син.

„Била 5 месеци во кома по породувањето со мене, но преживеа и веднаш ме научи дека би умрела за мене, како и јас за својот син. Но, исто така, дека би била и посреќна да може да живее со нас. Ти благодарам на се, мамо“, напиша Северина.

Нејзината мајка Ана допатува во Загреб кај Северина веднаш штом се дозна дека го изгубила старателството. Единствено, едната од сестрите на пејачката е во лоши односи со целото семејство.

Инаку Северина во моментот се наоѓа на голема турнеја која ќе ги опфати сите поголеми градови од поранешна Југославија.

Пејачката на концертот во Загреб имаше излив на емоции. Таа не можеше да се воздржи од плачење во моментот кога ја пееше песната „Родено мое“ која е посеветена на синот Александар.

Таа истакна дека најголема утеха и дава нејзината мајката па на концертот и јавно и се заблагодари.  

„Оваа песна не ја пеам само за својот син туку за сите деца на светот и за нивните мајки“-рече Севе по што се расплака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.