Мизрахи потенцираше дека со овие снимки само се зголемува недовербата на граѓаните во системот за здравство кој реално не функционира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 11:17

Мизрахи: Во сред пандемија има граѓани без здравствено осигурување, а гледаме снимки за поткуп!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Рашела Мизрахи, поранешниот технички министер за труд и социјала, сега кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, ја прокоментира видео снимката која излезе во јавноста како голем скандал на Ден Дончев, и истакна дека во сред пандемија имаме десетици илјади граѓани без здравствено осигурување, тотална недоверба на граѓаните кон институциите и системот предизвикуваат ваквите случаи како постапувањето на директорот на Фондот за здравство.

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада.
Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.

-Веројатно е дека некој не сака намерно да имаме систем кој функционираа, во случајот со ФЗО, имаме ваква снимка и слушаме тоа што слушаме, а во ниеден момент не се спомнува колку граѓани во овој момент немаат здравствено осигурување, вели Мизрахи.

Мизрахи потенцираше дека со овие снимки само се зголемува недовербата на граѓаните во системот за здравство кој реално не функционира.

Таа се осврна и на ситуацијата со вирусот и големиот број на заразени со кој секојдневно се соочува здравството. Мизрахи крикуваше за мешање на моделите за справување со коронавирусот на здравствените власти кои, како што вели, направиле хаос во состојбата со вирусот.

-Ова е мешање на модели за справување од кои се направи хаос, генерално народот не верува на бројките кои ги слушаме секој ден, на бројот на заболени и смртни случаи, се верува дека се кријат податоци, тотално хаотична ситуација, вели Мизрахи, додавајќи дека не верува дека ова е втор бран, туку прв бран, како и тоа дека ако власта веќе решила да оди на спонтана имунизација на населението, треба да се направи анализа, да се видат капацитетите во првостепеното, секундарното и терцијарното здравство, како и помошниот персонал, како и она што се располага од опрема, да се направи план за да може да се очекува и тој втор бран. Во овој момент со над 700 медицински работници заболени од Ковид ние немаме шанси да се справиме со никаков бран, ни овој, ни наредниот, потенцираше Мизрахи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.