Зарем му беше лесно на Христијан Мицкоски изминативе три години?
Дали било што во оваа битка направи за себе или само стоеше храбро за партијата и Македонија!?

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јули, 2020 18:36

Мизрахи: Зарем му беше лесно на Мицкоски овие три години?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во тешкото се бројат јуначките срца. И само злонамерните ќе кажат лош збор за човекот со срце и храброст да застане на чело на пеплосаното и разочарано ВМРО со бела ,,палата” на прашина и тишина пред три години, пишува Рашела Мизрахи во својата објава на Фејсбук.

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада.
Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.
Мизрахи има остварено научно-истражувачка дејност во периодот од 2007-2014 година, на Институтот за научно истражување базирано на животни „Кибуц Лахав“ во Израел и во Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и истражувања по биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки, на катедрата на Проф. Хаи Браитбарг, на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел.
Во нејзината кариера има остварено научно-истражувачки дејности и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, областа физиологија на репродукција.
Во својата професионална кариера има учествувано со свои презентации на повеќе конференции и конгреси како Балканската Ветеринарна Конференција во 2009 година, Третиот Интернационален Конгрес на тема: „Контраверзии во криопрезервацијата на стем клетки, репродуктивни клетки, ткива и органи“ во Берлин, во 2013 година, Конференција на Израелската Асоцијација за Фертилност – Тел Авив, и „Mitochondrial PKA mediates sperm motility“ (BBA – General Subjects/2014) во 2014 година, Третата Интернационална Школа за Ретки Болести и ORPHAN медикаменти во Рим, Италија во 2015 година, и била предавач на Интернационалната школа за млади лидери во Охрид, во 2017 и 2018 година.

Старите велат: ,,Не суди на никого додека не изодиш пат во неговите чевли”.

Зарем му беше лесно на Христијан Мицкоски изминативе три години?
Дали било што во оваа битка направи за себе или само стоеше храбро за партијата и Македонија!?
Зарем со еден збор навреди или повреди било кого или остана интелектуалец и Господин и покрај поројот гадости со кој се обидуваа да го урнат и неговото и патриотското и партиското и Македонското достоинство!?

И сѐ уште и до крај тој човек е подготвен на саможртва за својот народ и татковината. А кој не мисли така и тоа не го гледа, не ни мисли и е слеп при очи, или сака да ја игра онаа човек на човека душман.
А на сите оние кои мислат дека сето ова е за фотелји, јасно и гласно кажувам:
Земете ги, носете ги…
Чуму фотелји ако немам држава!!!

Претседателе за Вас се зборовите на големиот Винстон Черчил:

,,Во војната решителност. Во поразот пркос. Во победата великодушност. Во мирот: добра волја!”

Главата Горе Македонијо!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести