Милановиќ додава дека е сосема подготвен да дојде на позицијата претседател на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 декември, 2019 10:36

Милановиќ: Одиме во втор круг, а не во војна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Милановиќ, кандидатот за претседател на Хрватска кој победи во првиот круг од претседателските избори кои се одржа вчера одржа говор пред своите сопартијци. Тој во својот изборен штаб порача дека ќе има втор круг, но не војна.

– Нека победи подобриот. А тоа сум јас. За две недели ќе биде што ќе биде. Во мене нема никаква горчина ниту страв – изјави Милановиќ.

Поранешниот премиер Зоран Милановиќ ги победи десничарските кандидати, вклучувајќи ја и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во првиот круг на претседателските избори во Хрватска, што се одржаа вчера.

Милановиќ додава дека е сосема подготвен да дојде на позицијата претседател на државата. Со оптимистички став е и актуелната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ која рече дека иако ја прозивале за наводни направени грешки, никогаш не направила нешто против Хрватска или против нејзиниот интерес.

– Сега сите мораме да се собереме заедно и одиме на победа. Вие бевте со мене во тешки и лесни, односно добри моменти – изјави Грабар-Китаровиќ, која заврши втора на вчерашните претседателски избори и ќе се соочи со Милановиќ во вториот круг.

Инаку на вчерашното гласање во првиот круг од претседателските избори поранешниот премиер Зоран Милановиќ ги победи десничарските кандидати, вклучувајќи ја и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Милановиќ, освои 30% гласови а Грабар-Китаровиќ го следи со 27%.

53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, како лидер на Социјалдемократската партија, по што беше во сенка на политичките случувања.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за две недели, а во меѓувреме, Хрватска од 1 јануари ќе почне да претседава со Европската Унија.

 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.