Станува збор за вечерта кога Северина заедно со Игор отидоа во домот на нејзиниот поранешен сопруг за да го предадат малечкиот Александар. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 22:17

Милан Поповиќ: Сопругот на Северина ми се закануваше и навредуваше и ми се закануваше пред детето!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Педесет и четири годишниот Милан Поповиќ поранешниот сопруг на Северина кој пред неколку дена го доби старателството за нивниот син, изјави дека ќе поднесе пријава против сегашниот сопруг на пејачката Игор Којиќ поради како што вели вербалниот инцидент кој се случи на 28- ми месецов.

Станува збор за вечерта кога Северина заедно со Игор отидоа во домот на нејзиниот поранешен сопруг за да го предадат малечкиот Александар. 

Во четвртокот вечерта, пејачката Северина по одлуката на судот во Загреб му го предаде детето на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ.

Поповиќ за медиумите потврдил дека при средбата Игор вербално му се заканувал и го нарекувал со погрдни зборови, па поради тоа бизнисменот ќе покрене пријава.

– Да, вистина е. Имам намера да барам заштита од такво дивјачко однесување, особено што тоа се случува пред детето – рекол Милан за српски Телеграф.

Милан во едно интервју изјави дека неговата поранешна сопруга со која го имаат синот Александар не разговара со него дури ни пред детето, а тоа не е добро бидејќи како што вели родителите треба меѓусебно а комуницираат а тоа е во интерес на нивниот син.

– Во интерес на детето е родителите да комуницираат. Ако ги следите советите на експертите, таа миминална комуникација на разведени родители за време на примопредавање е најголемата среќа за децата. Нормално е да се потрудам да воспоставам макар минимална комуникација со Северина кога сме во ист момент со детето. На Северина е тоа дали ќе прифати или нема да прифати, досега не прифатила и се надевам дека тоа ќе се промени, бидејќи тоа ќе го направи посреќно нашето дете – рекол Милан за Блиц.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.