Во оваа изборна едниница СДСМ ќе им даде сигурни пратенички места и на своите коалициони партнери БЕСА, ПЕИ и ЛДП

Објавил: Данаил Михајловски | 2 март, 2020 10:09

Мила Царовска носител на листата на СДСМ-БЕСА во ИЕ5

Фото/Текст извор: ©магазин

СДСМ полека но сигурно ги подготвува изборните листи. Вице-премиерката Царовска, според извори во СДСМ, ќе биде носител на листата на кандидати за пратеници во изборната единица број 5, која ги опфаќа Битола, Струга, Маврово, Кичево, Охрид, Ресен и други општини. Мила Царовска, во анкетите спроведени за потребите на партијата во ИЕ5, котирала многу подобро од министерот Венко Филипче, кој исто бил во игра за можен носител на оваа листа. Во оваа изборна единица, освен кандидати за пратеници од СДСМ, добитни места ќе бидат понудени и на помалите коалициони пертнери како БЕСА, ПЕИ и ЛДП, а иако инсистирале, сепак не е постигната согласност за кандидат од турските коалициони партнери на СДСМ.

Редоследот на кандидатите на коалицијата СДСМ-БЕСА би бил следниот:

  1. Мила Царовска (СДСМ)

  2. Горан Козаров (СДСМ, ЈП Водовод, Битола)

  3. Фатмир Емуш (БЕСА, Струга)

  4. Живка Ангелоска (СДСМ, Форум на жени, Охрид)

  5. Соња Карапец (СДСМ, Битола)

  6. Бети Р. Наумовска (СДСМ, Ресен)

  7. Боби Мојсоски (ЛДП, Кичево)

  8. Алија Камбероски (ПЕИ, Лабуништа)

  9. Маринела Ојлеска (СДСМ, Струга)

  10. Габриела Ристовска (СДСМ, Кичево)

  11. БЕСА (Дебар, името ќе биде наскоро утврдено)

  12. Елизабета Наумовска (СДСМ, Битола)

  13. Самка Ибраимовски (ПЦЕР, Тетово)

  14. Мунир Колашинац (СДСМ, Долнени)

Во дадената листа можни се и одредени измени во текот на преговорите внатре во СДСМ, но и со коалиционите партнери, кои треба да завршат на 9-ти март, а потоа на 10-ти март ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, кој треба да ги потврди листите на кандидатите за пратеници. Од СДСМ напоменуваат дека се работи и на теренски анкети и дека секој од кандидатите ужива солидна репутација во својата средина. Се внимава исто така на родовата застапеност на листите, иако тука има мали проблеми при делегирањето на кандидати од страна на коалиционите партнери БЕСА и ПЕИ, но истите се очекува да бидат вклопени во конечната понуда. Во следните неколку дена ќе се разговара интензивно со општинските организации во Крушево, Дебрца, Вевчани, Маврово и Демир Хисар, кои веројатно нема да имаат свој кандидат за пратеник на добитна позиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика