Тој истакна дека во моментот е фокусиран на она штогиинтересираграѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 декември, 2019 11:06

Мила Царовска ќе биде новиот технички премиер?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на својата официјaлна Фејсбук страна Министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски објави порака во која нашата држава ја нарекува Македонија, иако до сега во сите наврати ја нарекуваше со новото име согласно потпишаниот Преспански договор.

“За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари. Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата, како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат”, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Тој истакна дека во моментот е фокусиран на она што ги интересира граѓаните.

После шпекулациите, дека новата потпретседателка и министер за труд и социјала Мила Царовска , ќе биде идниот вршител на функцијата технички премиер , објави Пресцентар.

Сепак во центарот на вниманието е Спасовски со своите потези, па овој потег на министерот би можел да се протолкува како наивна и немамерна грешка и пропуст , маркетинг стратегија за придобивање на гласовите од граѓаните кои не го прифаќаат новото име на државата или несогласување и постепено дистанцирање од политиката на СДСМ и премиерот Зоран Заев , останува времето да покаже. Инаку, неофицијално, од внатрепартиски извори порталот „ДоказМ“ дознава дека во СДСМ не „цветаат рози”.

Незадоволството помеѓу членството е на „точка на вриење” и се очекува да „еруптира” со масовен бојкот на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти Април 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести