Во вториот програмски период преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција се одобрени 62 проекти од кои повеќето, од првиот повик се веќе имплементирани.

Објавил: Мате Парлоф | 5 мај, 2022 5:55

Милевски: Почнуваме со реализацијата на 10 нови прекугранични проекти со Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска ги потпишавме договорите за кофинансирање на 10 од вкупно 22 проекти во рамките на вториот јавен повик од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција во вкупна вредност од 7,6 милиони евра, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Во вториот јавен повик проектите се однесуваат на три приоритетни области како што се развој на локалната економија, превенција и заштита од природни катастрофи и заштита на природното и на културното наследство.

Најголемиот број од проектите се за поддршка на локалниот економски развој преку искористување на природните и на културните вредности во регионот. Преку искористување на сопствените предности во областа на туризмот, се отвораат нови работни места и се поддржуваат малите бизниси преку промоција и продажба на домашните производи. Првите 10 проекти ќе се имплементираат овде во Битола, во Неготино, во Конче, во Струмица, во Градско, во целиот пограничен регион. Министерството за локална самоуправа како координатор на ИПА Програмата за прекугранична соработка е ваш партнер преку обезбедувањето на неопходните 15 проценти што ги побарува Европската Унија, додаде министерот за локална самоуправа.

Милевски истакна дека како одговор на потребите на населението, има проекти кои што обезбедуваат превенција и заштита од природни катастрофи, пожари и поплави, развој на системите за брзо известување и намалување на ризиците.

Министерството за локална самоуправа целосно ја дигитализираше постапката за спроведување на Програмата за прекугранична соработка со Грција со што се обезбедува транспареност и отчетност во трошењето на јавните средства како и поголема ефикасност што е во интерес и на Министерството и на корисниците на средствата.

Најважно е проектите да бидат имплементирани на време, да се почитуваат процедурите на Европската Унија за да можат расположливите средства да се искористат во целост и да се реализираат на начин кој што ќе обезбеди нивна оддржливост. Секој проект треба да обезбеди бенефит за учесниците, но уште поважно е да има реално влијание на развојот на општината и на регионот преку отворање на нови можности за развој на малите локални бизниси кои што се поврзани меѓу себе и затоа имаат големо влијание како на вкупниот развој на локално, така и на национално ниво, рече Милевски.

Во вториот програмски период преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција се одобрени 62 проекти од кои повеќето, од првиот повик се веќе имплементирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...