- Во моментот овој центар не функционира со полн капацитет односно не функционира базенот и делот за хидротерапијата поради високите трошоци за загревање на базенот!

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јануари, 2021 16:57

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

– Во моментот овој центар не функционира со полн капацитет односно не функционира базенот и делот за хидротерапијата поради високите трошоци за загревање на базенот.

Бидејќи хидротерапијата е многу значаен дел од физикалната терапија за комплетна рехабилитација на пациентите, со проектот се предвидува реконструкција на постоечкиот базен за физикална терапија, со градежни зафати за енергетска ефикасност, вградување на инфраструктура за загревање на базенот со обновливи извори на енергија, опремување на центар за физикална терапија со сите потребни помагала за корисниците/пациентите и обезбедена одржливост на проектот со соодветно и правилно одржување на реконструираниот објект.

Овој проект е доказ дека заедно со Швајцарската влада се грижиме за граѓаните преку инвестиција во здравството, појасни министерот.

Според Милевски, Министерството за локална самоуправа преку Швајцарската агенција за развој и соработка обезбеди 8 милиони денари за проектот во рамките на развојни цели на Југозападниот плански регион, придонесува кон подобро искористување  и зајакнување на расположливите човечки, материјални и природни ресурси, подобрување на условите на сите граѓани преку системско и институционално содејство во функција на побрза рехабилитација, поквалитетно живеење и развивање на механизми за социјално вклучување на ранливите групи од регионот.  

Овој проект е од огромно значење, реконструкцијата ни беше неопходна, како за пациентите од сите возрасти, долго време овој базен не беше во функција и наскоро ќе биде готов, ќе може да се користи за кој е наменет, поточно за пациентите пред и пост оперативно, за нивна рехабилитација. Капацитетот на Св. Еразмо е 150 кревети но редуцирани сме заради пандемијата. Со планираните промени ќе се намали времето за престој во болницата  и времето за рехабилитација на пациентите, ќе придонесе за намалување на деформитетите на децата во раст кои ќе користат физикална терапија  со што ќе се подобри квалитетот на животот во заедницата за сите граѓани во регионот вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, стари и изнемоштени лица, деца во раст и развој, вели директорот на Св. Еразмо примариус д-р Ацо Велески. 

Една од најважните придобивки е зачувување на животната средина и заштедата на електрична енергија за 50 проценти за што ќе бидат поставени 46 соларни панели. 

На Форумот на заедниците идентификувани се потребите во овој регион, така што овој проект беше потребен и прво рангиран. Проектот опфаќа, три фази кои треба да се реализираат до април, така што веќе се работи и сме во првата фаза, така што очекуваме на пролет да се пушти во употреба и овој дел од болницата, додаде директорката на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...