По наредба на странците Зоран Заев му дал задача на Оливер Спасовски, Верушевски да биде следен и контролиран од три екипи 24/7.

Објавил: admin@magazin | 30 септември, 2019 7:59

Миленко: „Верушевски се соочува со тортура и трауми за сите злодела што ги има направено на Македонија„

Фото/Текст извор: ©дудинка

Зоран Верушевски, најдолго присутниот разузнавач во Македонија, последниве десетина дена се соочува со тортура и трауми како Божја карма за сите злодела што и ги има направено на Македонија и на граѓаните на Македонија.

Овие денови плаќа за сите уништени семејства, судбини и кариери што ги правеше од времето на Лазе Китановски, па преку времето на Диме Ѓурев и Павле Трајанов, преку периодот со Сиљан Аврамовски, преку “Големото уво” на Бранко Црвенковски, па потоа преку соработката со Сашо Мијалков, па се до денешен ден и времето на Оливер Спасовски.

Последните 10 дена, посебно седмицава зад нас, врз него се прави страотна тортура од странци, странски фактор, странски служби и странска агентура која е засегната со неговото најново признание дека материјалите против Груевски и неговиот тим се монтирани, лепени, филовани и не одговараат на вистината.
Заканите, вербалното силеџиство (постојано звонење на мобилен и домашен, звонење на врата, шкртање на влез и ауто и слично) било толку силно што Верушевски планирал бегство.
Своевремено надмениот режисер од сенка што ги вадеше синовите од прогон за тешки кривични дела, сакал со подвиена опашка да побегне.

По наредба на странците Зоран Заев му дал задача на Оливер Спасовски, Верушевски да биде следен и контролиран од три екипи 24/7.
Заканите кон Верушевски се за час поскоро да излезе во јавност (за очекување е тоа да се случи следнава недела), и да се демантира самиот себе си, да се поплука, да излиже каде што плукал и да каже “погрешно сте ме разбрале”!
Проблемот на Верушевски настанува што има и друга страна, исто така сериозна, која му изброила и пари, која е заинтересирана изјавите да останат, а Стивенсон, Рикер и Бејли да се соочат со судот во САД.
Сета закана да ја повлече изјават на Верушевски му доаѓа од “длабоката држава” и нејзиниот репрезент Стивенсон (погледнете ја II емисија од XV сезона на моето шоу за да ви е појасно).

Вреди, во овој контекст, да се знае дека проблематичните меѓучовечки односи во амбасадата на САД во Република Македонија, исто така имаат влијание врз овој трилер.
Про Трамп службениците се судрени со остатоците од длабоката држава односно од Рикер, Бејли и Стивенсон. Жестока е битката внатре.
Засега единствено нејасна е новата амбасадорка на Кале. Се држи на страна, не ветува, не пресекува, не пресудува.
Таа е енигма за вработените во амбасадата, слично како што за раководството и службениците во ВМРО ДПМНЕ им е енигма Христијан Мицковски!
Никој не знае што таа (и тој) планираат, што ќе преземат и најважно, кадровски кого ќе играат (поддржат).
Да се вратам на темата, за Верушевски на сцена е пекол што само ќе се засилува.
Си заслужил, Господ бава, ама не забрава
Карма ис а бич.

Колумна на Миленко Неделковски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...