Мицкоски побара и доби помош од Јанша и Орбан.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 април, 2020 15:49

МИЛЕНКО: НАТО пријателиве на Шекеринска, оние на Димитров – пратија ли помош?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, неодамна во објава на „Твитер“, објасни за помошта која е испратена од неговата земја за македонското Министерство за внатрешни работи.

„Веднаш по повикот од Христијан Мицкоски, кој ја извести Владата на Република Словенија за крајно лошата состојба во Македонија со коронавирусот, ги поврзавме Министерството за одбрана на Словенија и Министерството за внатрешни работи на Македонија и во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испративме помош на пријателска држава. Во исто време, лично повикав некои од лидерите во ЕУ да не ги забораваат државите од Западен Балкан“, напиша словенечкиот премиер.

Новинарот Миленко Неделковски на социјалните мрежи праша дали НАТО алијансата или како што вели тој НАТО пријателите на Шеќеринска и Димитров пратија помош на земјава.

Статус на Миленко Неделковски:

Мицкоски побара и доби помош од Јанша и Орбан.
Заев побара ли, доби ли, нешто од своите пријатели?! На толку бацувања пенкала, мењања кравати, гушкања, придржувања на бриселскиот пијаница – помош доби ли?
НАТО пријателиве на Шекеринска, оние на Димитров – пратија ли помош?
Или, од двата подолгото, вели Неделковски!!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...