Предлозите од типот “направи партија, ние ќе те гласаме“ се неизводливи, дури би рекол и несериозни. Оти тоа подразбира процес кој јас не сум способен да го изработам.

Објавил: admin@magazin | 16 ноември, 2019 11:18

Миленко размислува да се кандидира за пратеник: Платата од функцијата нема да ја земам, ќе оди за социјални семејства!

Фото/Текст извор: ©дудинка

Реално, многу размислувам дали да се кандидирам. Тоа дали, оди со прашањата како, со кого и каде.

Предлозите од типот “направи партија, ние ќе те гласаме“ се неизводливи, дури би рекол и несериозни. Оти тоа подразбира процес кој јас не сум способен да го изработам.

Преку партија да се кандидирам е возможно, но прашањето е преку која, земајќи предвид дека сите до една (а и нивните лидери) со години ги критикувам, и со најголемиот дел од нивните постапки и планови не се согласувам.ж

Каде, односно во која изборна единица да се кандидирам, исто така е прашање за размислување.
Но, ете, да си останам јас со своите дилеми и размислувања, па да видиме што ќе биде.
Но, ДОКОЛКУ СЕ КАНДИДИРАМ, однапред кажувам дека платата за пратеничката функција нема да ја земам. Нема да не ја земам од државата, оти не сакам да оди во буџет каде ојлевци и дојлевци ќе се расшетуваат низ светот продавајќи ја Македонија и Македонскиот народ, а разни Миридизели ќе прават богатства на фиктивн трошоци за превоз.
Не, платата ЈАС НЕМА ДА ЈА ЗЕМАМ за мене лично, и тоа ниту една од претпоставените 48 плати за 4 години.

Ами ќе направам договор, полната сума, СЕКОЈ МЕСЕЦ да биде префрлана на сметката на по едно различно социјално загрозено семјество (или социјален случај, или напуштен малолетни деца или слични трауматични судбини) ОД ОНИЕ ШТО СЕ ВО ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА КАДЕ БИ СЕ КАНДИДИРАЛ.
Значи, за 48 месеци, на 48 РАЗЛИЧНИ социјално загрозени случаи (семејства, деца, онемоштени…) ќе им бидат префрлени моите 90-тина илјади денари како помош.
Јас пратеничката позиција би ја сфатил како должност и обврска, а не како место за земање пари за нереализирани патни трошоци, или за изигравање на многудетна нео-буржузаија, или за загосподарување со најголемиот хотел во градот, или за вработување се живо што мрда низ куќа, плус роднини, комшии, сватови и школски другари…

Не, јас би сакал да бидам слуга на народот. Сиромав, или без пари, исто како и мојот народ. Моите 90.000 многу би ми требале сите 48 месеци (4 години), ама мислам дека има најмалку 48 случаи во изборната единица на кои им требаат повеќе од мене.

Миленко Неделковски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...