Ми праќа непозната обожавателка приватна порака - а која е твојата држава? Која е мојата држава? Сега ќе ти објаснам.

Објавил: Едмонд Бекири | 31 март, 2019 14:12

Милески со лекција кон една обожавателка, ова е мојата Македонија и порача тој!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Милески е познат активист и бизнисмен кој својата среќа ја побарал во Минхен Германија. Тој таму основа фирма за иниформатика и успешно се пробива на германскииот пазар за софтвери со посебна намена. Милески е исто така еден од основачите на Македонскиот Национален Совет. Денес очигледно испровоциран,  тој со факти ја оддува една негова тајна обожавателка, како што тој пишува на неговиот фејсбук.

Милески: Ми праќа непозната обожавателка приватна порака – а која е твојата држава? Која е мојата држава? Сега ќе ти објаснам.

Одговор: Мојата држава е онаа во која:

» Образовниот систем гради способни млади луѓе спремни да ја подобрат државата со секоја нова генерација.
»  Квалитетните одат напред и се ценат, медиокритетите си го знаат местото, а криминалците се зад решетки.
»  Ситни криминални лажови не стануваат градоначалници со финти “едно евро за мене, едно за тебе”, не дај боже премиери, туку за поткуп лежат в затвор.
» Премиери кои за време на кампања повикувале работодавци да дадат повеќе плата за луѓето да гласаат на референдум веднаш се ставени пред лицето на правдата и веќе се судат за измама со казна затвор минимум 5 години, како пример други да не помислат на такво нешто.
» Судот е независен и има независен судски буџет неконтролиран од извршната власт.
» Судиите и обвинителите се слуги на правдата и пред сѐ на интересите на народот, а криминалните цел живот се каат што помислиле да судат нечесно.

Тртеба да постои институција која што би била страв и трепет за нечесните политичари и функционоери кои ќе се дрзнат да крадат од народот, законот мора да биде за сите еднаков . А потпалувачите на пожари треба да лежат најмалце 10 години затвор вели Милевски

Роберт Милески е македонски бизнисмен кој потекнува од Струга а скоро две декади напредува со својата компанија за информатика во Германија. Дипломираниот инжењер по информатика е голем активист  на социјалните мрежи и е голем критичар на фаталните политики на Заев. Тој е еден од оние кои што за момент ја подржуваа шарената револуција верувајќи дека луѓето се борат за подобра Македонија.

» Постои институција која е страв и трепет за сите функционери што ќе се дрзнат да помислат да крадат од народот.
» Занаетот да се биде криминалец, посебно криминален политичар е неисплатлив, оти таквите остануваат без целиот имот и заработка.
» Одредени леви забегани групации не се дрзнуваат да помислат на велепредавство, оти знаат дека ќе одговараат со доживотен затвор.
» Владее еднаков закон за секого, еднаква шанса за секого.
» Не тепа уличар џандари со пајаци, туку таквиот плаќа казна пропорционално на неговата заработка, а за напад на службено лице се наоѓа најмалку 3 години зад решетки.
» Обидот за корумпирано вработување на синот на Мира Дизел завршува со апсење на 10 инволвирани лица.
» Мира дизел и Амди Бајрам можат да помислат да го посетат Собранието само како туристи – гости.
» Собранието е храм на демократијата, а не кафански лидерски средби на племенски поглавици.
» Луѓето не се приморани да членуваат во партија за да остварат право на вработување, туку самиот систем го цени работниот поединец.
» Партиите не се султан – партии, туку место за граѓански дебати од кои се раѓа идејата за подобро утре за сите.
» Сите луѓе имаат право на квалитетна здравствена заштита, а не само богатите, додека сиромашните ни умираат по болниците од сепса.
» Мојата идеја за итен фонд за лечење во странство, посебно за деца, е реализирана.

Економијата мора да се води од докажани лица од реалнате Економија, а градоначалници несмеат да бидат лица што мислат дека мора да возат подобар автомобил од граѓанинот, на Макеоднија и треба итно хелихоптерска едница која ќе е во служба на пациентите за итни случаи вели Милески понатаму во објаснувањето како ја гледа неговата Македонија

Швајцарската РЕГА – Медицинска помош од воздух
Рега обезбедува брза и професионална медицинска помош од воздух и им помага на луѓето на кои им е потребна итан помош во случај да неможе да стигне помошта од копно. Оваа единица го користи најдобриот, обучен и искусен персонал, како и најсовремени хеликоптери и авиони за брза помош.
Во служба на пациентот
Рега делува според медицинската неопходност и се става себеси во служба на пациентот. Тоа е приватна, непрофитна фондација која делува независно од државните или финансиските интереси. Рега спасува, не суди правилно или погрешно, вина или невиност.
Финанцирани од Патронат на покровители
Рега е поддржана од нејзините патронати. Во случај кога трошоците не ги сноси осигурувањето на пациентот кога тој доаѓа од трета земја трошоците за интервенција ги превзмеаат покровителите . Рега е тука да спасува

» Мојата идеја за хеликоптерска единица при министерството за здравство за пренос на пациенти е реализирана и не умираат повеќе од 400 лица заради задоцнета медицинска интервенција.
» Потпалувачи на пожари лежат 10 години робија.
» Градоначалници не стануваат лица што мислат дека со тоа ќе возат кола подобра од “обичните граѓани”.
» Неспособни теоретичари не водат економија и финансии, туку квалитетни докажани лица од реалната економија.
» Луѓето се чувствуваат еднакви и не се обременети секој ден со вести кој криминалец повеќе успеал, додека тие не знаат како да стават топла трпеза на масата за своето семејство.
» Одењето на работа ги задоволува финансиските потреби на луѓето и тие не се чувстуваат како модерни робови, туку работодавците ги гледаат како нивен партнер кој мора да се негува и да биде задоволен за да може подобро да работи.
» Ниту државата, ниту народот се обесчестени и обезличени, туку во неа живеат граѓани горди на своето национално потекло и секој е почитуван.

Тоа е мојата држава моја драга непозната обожавателке, тоа е мојата Македонија!

Македонија вечна, никогаш северна!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...