Што е толку битно на каков јазик говореле Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев, ако веќе знаеме дека не бил грчки!?

Објавил: Мате Парлоф | 14 март, 2019 9:55

Миле Бошњаковски со прес конференција за правилно опишување на јазикот на Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков

Фото/Текст извор: ©магазин

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, во појаснување на изјавата дадена од министерот Никола Димитров, дека македонскиот јазик не се однесува на Македонците во Грција, денеска даде дополнително објаснување за народните херои кои се бореле за Македонија, а биле родени во денешна Грција. Прес конференцијата за Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

во однос на нашиот херој Гоце Делчев, Владата е на ставот дека Гоце е роден во национално семејство во градот Киликис, чии што родители Никола и Султана припаѓале на одредена категорија на население која што не зборувала на грчки јазик, но не е според европските стандарди нашата влада да се меша во тоа каков јазик говореле Гоце Делчев, неговите родители, и неговите браќа и сестри. Тоа си е домашна работа на Гоце Делчев и ние не сме тие што ќе детерминираме кој каков јазик си зборел по дома.

Истото се однесува и на Крсте Петков Мисирков, национален деец роден во селото Пела, чии родители исто така припаѓале на одредена категорија на население која што не го зборувала грчкиот јазик, што не го спречило Крстета да се залага за литературна кодификација на неговиот мајчин недетерминиран јазик, што си е негова приватна работа и тој потоа приватно си ја објавил книгата “За Националните работи“.

И ќе повторам, тоа што министерот Димитров го кажа е јасно како бел ден. Членот 7 од Договорот од Преспа укажува дека и Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев припаѓаат на категоријата на население кое не зборува на грчки јазик, туку говори на друг јазик чии што термини имаат посебно значење за нас, а посебно значење за Република Грција и нивното детерминирање од наша страна би било перцепирано како бихевиорализам спротивен на билатералниот прогрес. Се надевам дека се е јасно!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...