За потсетување, во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија.

Објавил: Весна Петровска | 17 октомври, 2019 12:52

Миле Паника: Нека им каже некој на ЕУ дека сите ќе се иселиме таму

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Твитер гори по  повод очекувањето дали ЕУ ќе ни даде да почнеме со пристапните преговори, на социјалните мрежи се огласи и Миле Паника.

– Неќеле ваква багра како нас во ЕУ. Нека им каже некој дека ако ни дадат датум има шанси да си останеме овдека, ако не ни дадат, сите ќе им се иселиме таму, па нека му ја мислат, напиша тој во свој стил.

За потсетување, во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија.

ЕУ не успева да постигне компромис по ова прашање веќе година и половина, пред сѐ поради противењето на Франција, која смета дека е неопходно прво да се реформира процесот на преговори со земјите кандидати пред да се даде зелено светло за други земји. Додека огромното мнозинство членки на ЕУ сметаат дека во најмала рака треба да се даде зелено светло за Северна Македонија за да се одржи кредибилитетот на Унијата.

Засега не е јасно дали проширувањето ќе биде на дневен ред денеска или утре, претседателот на Европскиот Совет треба да ја прецизира агендата на разговори утрово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.