За порталот ЛИДЕР, сведоци кои го виделе Јанакиески во затворските и судските ходници, тој од затворот „Шутка“ примал само вода и бил во значително лоша физичка состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2019 14:48

Миле Јанакиески во лоша физичка состојба во „Шутка“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за Транспорт и врски Миле Јанакиески, веќе деветти ден штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор.

За порталот ЛИДЕР, сведоци кои го виделе Јанакиески во затворските и судските ходници, тој од затворот „Шутка“ примал само вода и бил во значително лоша физичка состојба.

-Јанакиески е многу физички пропаднат, има изгубено боја на лицето и многу тешко комуницира, сведочи за „Лидер“, лице кое го видело Јанакиески.

Фејсбук статусот на сопругата на Миле Јанакиески

Како што пишува порталот, од истражното оделение „Шутка“ одбиваат да го коментираат штрајкот на Јанакиески и не даваат информации за неговата физичка состојба.

Пред два дена сопругата на Миле, Сања се огласи на Фејсбук каде напиша емотивен статус. 

Таа кажа дека против него се води психолошка војна.

-Тој е едноставно човек. А сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува.

Знам дека вистината еден ден ке излезе на виделина но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ке ја дочека здрав и читав. – напиша на Фејсбук Сања, сопругата на Миле.

За штрајкот со глад на Јанакиески е информиран и Кривичниот суд.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести