Адвокатот Новаковски изјавил дека дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јули, 2019 19:38

Миле Јанакиески повторно пренесен во болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски,кој пред речиси еден месец беше пренесен во затворот Шутка, каде започна штрајк со глад, денеска повторно е пренесен во потврди за „А1 он“, неговиот адвокат, Александар Новаковски.

Миле Јанакиевски во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.

Адвокатот Новаковски изјавил дека дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.

„По одобрение на судот и затворската управа е пренесен на преглед во приватна клиника“, рекол Новаковски за „А1 он“.

За потсетување Јанакиески беше префрлен во болница на 10 овој месец, откако се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење, откако започна штрајк со глад.

Јанакиески се наоѓа во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.

Јанакиески е обвинет и во предметите на СЈО “Титаник”, “ТНТ”, “Топлик”, “Насилство” и “Траекторија”.

Целата вест на А1ОН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.