Милијардерите кои се откажале од факултетот очигледно знаеле што прават, а во просек имаат 9,4 милијарди долари. Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат 3,2 милијарди долари.

Објавил: Весна Петровска | 16 јули, 2019 19:25

МИЛИЈАРДЕРИТЕ КОИ ГО ДРМААТ СВЕТОТ, САМО ПОМИНУВАЛЕ ПОКРАЈ ФАКУЛТЕТОТ: Од 400 најбогати на планетата, 63 се само со средно

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На листата на Форбс од 400 милијардери – 63 немаат ништо повеќе од средношколска диплома, а повеќето сами го создале своето богатство. Бил Гејтс и Марк Закерберг се отпишале од Хаевард, Дејвид Гефен ислушал само три семестри на факултет, Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс, исто така се откажале од дипломата за највисокиот степен.

Милијардерите кои се откажале од факултетот очигледно знаеле што прават, а во просек имаат 9,4 милијарди долари. Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат 3,2 милијарди долари.

На листата на Форбс има повеќе лица кои се одткажале од факултетот отколку со докторат – 63 спрема 21. Во САД само 2,5 милиони луѓе имаат докторат, а над десетина милиони луѓе се откажале од факулетот. Кога ќе се проучат статистичките податоци, испаѓа докторатот да ги зголемува шансите да станете милионер.

Најбогатите според Форбс

Освен тоа, поголемиот дел на луѓе кои не завршиле на факултет не живеат толку добро – просечна плата им е пониска од ллуѓето кои имаат барем првостепена диплома од универизитет. Значи не е тајната во успехот само во откажувањето на факултетот, туку кој се откажува и со какви амбиции. Луѓето кои се без дипломи станале милијардери и посебни бидејќи имаат нешто што ги движи да станат успешни и богати.

Милијардерите без факултетска диплома можат да се стават во две групи. Првата откажување од факултетот бидејќи имале специфичен производ или план за бизнис кој сакале да го следат и да му се посветат за тој да се оствари. Тоа се иновативни луѓе кои точно знаеле што ќе направат кога ќе престанат да одат на факултет – Марк Закерберг и Бил Гејтс спаѓаат во таа категорија.

Другата група не се откажала од факултетот за да онова фирма или да развие производ веднаш. Нивниот пат е сличен но сепак различен. Тие напредувале профитабилно до врвот. По неколку години напорна работа добро процениле кога е ризик и засновале сопствена компанија. И успеале. Луѓето од овие две групи имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да работат и во кој смер е развиваат, имаат силни работни навики и вистински желни за успех, посакуваат работите да ги направат веднаш, спремни се за ризик, иновативни се и не поднесуваат статус кво и имаат способност за донесување на добри одлуки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.