Пратеникот Мухамед Зекири (СДСМ) јавно во Собранието побара од премиерот Заев контрола и инспекции во ИВЗ!

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2019 21:36

Милошоски: Висок функционер во Собранието е многу заинтересиран за смена на раководството на ИВЗ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ, вечерва во емисијата Топ-Тема на Телма, изјави дека политиката не е надвор од случувањата во ИВЗ. Политиката не е надвор од случувањата во ИВЗ, а висок функционер од СДСМ е многу заинтересиран за смена на раководството на ИВЗ. Милошоски не спомена име, но во јавноста се препознава дека тоа е потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој јавно побара од премиерот Заев да испрати финансиска контрола во ИВЗ.

Јас не сум член на исламската заедница, но сметам дека поглаварите и на ИВЗ и на МПЦ треба да ги бираат верниците, а не државата или политичарите. Ова со ИВЗ изгледа како политичко вмешување на високи партиски фунционери од владеачката коалицијата“, го истакна Милошоски својот став без да прецизира за кој точно станува збор.

Милошоски за „Топ Тема“ изјави дека висок функционер во Собранието е многу заинтересиран за смена на раководството на Исламската верска заедница.

„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение“, изјави Скендер Бузаку , а изјавата ја пренесе телевизија Телма.

Наводно тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.

Мухамед Вејсели, членот на ријасетот на ИВЗ , денеска изјави дека не може судот да именува поглавар на Исламската верска заедница, и додаде дека Реџепи ќе ја врши функцијата се додека ја има довербата од ријасетот на ИВЗ. Како што пренесе Канал 5 телевизија, според Вејсели , не може да се именува поглавар на ИВЗ со судска одлука.

Исламската верска заедница е самостојна автониомна институција и согласнио Уставот на ИВЗ ниеден орган не може да одлучува кој ќе биде поглавар. Ќе се одржи седница на ријасетот на ИВЗ. Сите муфтии се членови на ријасетот и затоа треба време да пристигнат, рече Вејсели за Канал5.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести