Владата во недостаток на аргументи за постигнатиот договор со Грција ја злоупотребува својата позиција за да ја протурка ратификацијата

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2018 17:03

Милошоски: Власта ја изигрува процедурата за ратификација на договорот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Европа не постои парламент каде што се прескокнува Комисијата за надворешна политика за да се ратификува билатереален или меѓународен договор, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако од владата соопштија дека договорот за името со Грција е пуштен во Собранието со европско знаменце.

Антонио Милошоски (роден на 29 јануари 1976 година во Тетово, Социјалистичка Федеративна Република Југославија, сега Република Македонија) е македонски политичар и е министер за надворешни работи на Република Македонија 2006-2011.
Во 1999 година, Милошоски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2002 година ги завршил постдипломските студии на Универзитетот во Бон, Германија и го добил својот магистер по европска интеграција. Тој стана министер за надворешни работи на 28 август 2006 година (заменувајќи ја Илинка Митрева) и командува четири странски јазици – англиски, германски српски и албански.
Тој служеше како шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ / ОДИХР за Белорусија.

Милошоски претседава со собраниската Комисија за надворешна политика, низ која требаше да помине договорот со Грција, пред да биде ратификуван на пленарна седница. Меѓутоа, со оглед на тоа што владата го означи договорот со европско знаменце, тој сега се „сели“ во Комисијата за европски прашања, со која претседава Артан Груби од ДУИ и каде што расправата ќе биде ограничена на максимум три дена.

Според Милошоски, на овој начин владата, во недостаток на аргументи за постигнатиот договор со Грција, ја злоупотребува, како што вели, својата позиција за да ја протурка ратификацијата во парламентот со што помалку расправа.

„Со тоа се изигрува процедурата за ратификација на договорот и се прескокнува матичното собраниско тело, слично како што беше направено со Законот за употреба на јазиците. Такви преседани не се случуваат во други парламенти. Доколку договорот одеше преку матичната комисија, расправата таму можеби ќе траеше два или, пак, дванаесет дена…, ама барем ќе се слушнеа сите аргументи. На овој начин, пак, се оневозможува поиздржана расправа за договорот“, изјави Милошоски за „Независен весник“.

Ратификацијата на договорот во парламентот е услов што треба да го исполнат македонските власти, за потоа грчката страна да ги извести ЕУ и НАТО дека е надмината најголемата пречка за продолжување на интеграцискиот процес на Македонија. Во овој случај, битно е тоа да се случи пред почетокот на самитот на Европскиот совет на крајот на месецов, со оглед на очекувањата нашата земја да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.