Милошоски со јавни прашања за случајот Рекет

Објавил: Узунов Бобан | 1 август, 2019 8:29

Милошоски: Дали се ова 5-те причини зошто Богоев беше во ОЈО за „Рекет“?

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Антонио Милошоски се осврнува на причините зошто токму градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е еден од седумнаесеттемина кои досега биле во ОЈО да дадат исказ во врска со случајот „Рекет“.

Градоначалникот на Карпош, Богоев, е еден од 17-те лица кои досега биле во Јавното обвинителство во врска со случајот “Рекет”, во кој замешани се Боки 13, најмалку две обвинителки, најмалку 5 вработени лица во СЈО и неколку функционери од власта. 
Битни прашања се дали се ова причините зошто Богоев беше во ОЈО за “Рекет”:
1. Што содржи меморандумот за соработка потпишан од Боки13 и Богоев во Ноември 2017та?
2. Финансирање на кампањата за локални избори 2017 година?! 
3. Планот за измена на ДУП “Капош на вода”, десно од ТВ Телма кон Вардар (кој Боки13 го нарекол поинаку)?! 
4. Злоупотреба на службена положба како градоначалник за потребите на 1ТВ?! 
5. Кршење на законот за градба за кој Јанакиески лежи во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести