советничката на Пендаровски проф.Чупеска го нарече МВР на Италија Салвини "клептофашист"

Објавил: Узунов Бобан | 12 август, 2019 7:42

Милошоски: Дипломатски скандал, советничката на Пендаровски проф.Чупеска го нарече МВР на Италија Салвини “клептофашист”

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Антонијо Милошоски со реакција на фб навредите кон министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини и Силвио Берлускони поранешен премиер на Италија дека се клепто фашисти е голем дипломатски скандал и деградирање на италијанскиот амбасадор во земјава.

 

Дипломатски СКАНДАЛ со Италија!
Откако италијанскиот весник Ла Верита објави ексклузивн снимки за криминалниот скандал “Рекет” и организираната вмешаност на СЈО, Катица Јанева и дел од владата во истиот, професорката од Правниот факултет г-а Ана Чупеска, изјави дека “тоа е специјална војна која ја водат клепто-фашистите” Матео Салвини и Берлускони од Италија.
Проф Чупеска има пренесен владин мандат, бидејќи е назначена од МНР Димитров за член на ГР-МК историска комисија, а истовремено е близок советник на Претседателот Пендаровски. Заради државните позиции на кои е назначена, квалификациите на Проф Чупеска дека демократски избраниот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, е клепто-фашистит, се голема навреда кон пријателска Италија, но и деградирање на угледот на италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео, како претставник на владата на Салвини во Скопје.
МНР Димитров и Претседателот Пендаровски најмалку што можат е да го повикаат италијанскиот амбасадор и да му се извинат за оваа скандалозна навреда кон италијанската влада, а дека тоа не се празни зборови треба да го потврдат и со истовремено разрешување на Проф Чупеска од сите владини тела и државни позиции.
Италија е земја основач на ЕУ, и без разлика на владината провиниенција, секогаш била силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Македонија, а ваквите груби навреди само можат дополнително да ја загрозат позицијата на државава пред очекуваниот октомвриски Совет на ЕУ и расправата за добивање на датум 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.