Дуел помеѓу Милошоски и Заев во Собранието

Објавил: Узунов Бобан | 25 јули, 2019 13:50

Милошоски до Заев: Лажна вест е кога изјавивте дека Фејсбук и Гугл инвестираат во Македонија, а никаде ги нема!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања изјави дека власта е најголем произведувач на лажни вести, а политичарот Зоран Заев се почесто станува синоним за лажни вести. 

Милошоски наброи дека Владата преку соопштение дала лажна вест кога известила дека Зоран Заев и Доналд Трамп оствариле средба во Њу Јорк, а всушност се работело за куртоазно ракување од две секунди во ходниците на Обединетите Нации, дека лажна вест било кога Заев изјавил дека Фејсбук и Гугл ќе инвестираат во Македонија, а никаде ги нема, како и дека лажна вест била и изјавата на Заев дека сме добиле датум за преговори со ЕУ минатата година, а го немаме ниту оваа година. 

Претходно Милошоски истакна дека советникот на Заев, Љупчо Зафировски немал никаква врска со Франција тука бил ангажиран за да помага на фирмите на Заеви за извоз на прехрамбени производи, преку фирмата “Фортуна“ која била регистрирана во Скопје и во Струмица:

Легендрен и мистериозен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот за негов ангажман, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев самиот рече дека Зафировски имал посебни контакти со кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон и со француската влада. Но, еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година во Скопје основа фирма за трговија и извоз со прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага да извезуваат прехранбени производи во Србија и во Франција. За овој советник не слушнале, ниту го сретнале министерот Димитров, ниту министерката Шеќеринска. Затоа Заев ја крие неговата биографија – рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести