Милошоски вели дека не само заради неуспешните политики, туку и заради големото разочарување, заминуваат албанците од Македонија

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 октомври, 2019 11:38

Милошоски до Османи: Албанците си заминуваат од земјава заради вашите неуспешни политики!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на ВМРО, Антонио Милошоски во вчерашната дебата на ТВ „Алсат“ каде гостуваше со министерот Бујар Османи истакна дека во изминативе три години од Македонија се иселени повеќе Албанци отколку во претходните 15 години, а за тоа се виновни тие поради како што вели Милошоски неуспешните политики!

Антонио Милошоски (роден на 29 јануари 1976) е македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. 

Милошоски вели дека не само заради неуспешните политики, туку и заради големото разочарување, заминуваат албанците од Македонија

Имам еден список од дваесет луѓе, Албанци, образовани, стручни, кои биле вработени како лекари, колеги на министерот Бујар Османи, кои работеле во болниците во Струга, Гостивар, Тетово или Скопје, но сега заминале за Германија или Швајцарија. И не затоа што во градовите имало или немало тројазична табла, туку затоа што тие процениле дека за нив нема правна сигурност и перспектива. Имаме влада која ветуваше живот во Скопје, живот во Желино, живот во Арачиново, живот во Кичево, живот во Боговиње, а сега гледаме дека во тие места луѓе со куфери, со фамилии и деца, образовани или помалку образовани, секоја недела заминуваат во странство и не се враќаат, му рече Милошоски на Османи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.