(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)

Објавил: Владо Марин | 19 октомври, 2020 9:59

Милошоски: Заев и Борисов на средбата во Бугарија треба да се согласат дека Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека премиерите Заев и Борисов на средбата во Бугарија треба да се согласат дека Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла, но Бугарин во народно-етничката припадност. Тој вели дека веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија.

Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:

“Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.

(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)

Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија, пишува Милошоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.