Катица ќе излезе од притвор за 10 дена

Објавил: Узунов Бобан | 12 септември, 2019 14:53

Милошоски: Заев најави дека Катица ќе излезе од притвор за 10 дена

Фото/Текст извор: ©магазин

ВМРО-ДПМНЕ денес предложи Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители… Толку ли многу тајни знае Катица Јанева, за тоа кој сѐ од власта е вмешан во Рекет, напиша на својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Дополнителен аргумент е што Јанева е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски…Интересно е да се знае кој заеднички договор со осомничената го има власта што сѐ уште ја штити обвинителката Катица Јанева. Толку ли многу тајни знае Катица Јанева, за тоа кој се од власта е вмешан во Рекет“, напиша Милошоски.

Тој во денешната изјава за ТВ Сител изјави дека Заев за време на лидерската средба рекол дека за десетина дена Јанева излегува од затворот во Шутка и оди во куќен притвор.

„Како може премиерот да ги знае одлуките на судот пред да бидат донесени”, праша Милошоски.

Тој посочи дека власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал, но кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот Рекет, преговорите пропаднале.

„Јасна е спрегата меѓу Владата, обвинителството, судовите и Катица Јанева. Власта ќе направи сѐ случајот Рекет да не дојде во рацете на независен обвинител”, рече Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.