Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 12:01

Милошоски: Обвинителите мора да ги вратат хонорарите во буџетот, според важечките закони

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук објави дека според Законот, овинителите во СЈО мора да ги вратат незаконските додатоци во буџетот.

Прашањето на астрономските суми делени од буџетот на СЈО како додатоци за посебни услови за работа и доверливост е регулирано со:
– Законот за плати на јавни обвинители (чл.6-б) и
– Законот за јавнообвинителска служба (чл.72)

и истите додатоци не смеат да бидат над 35 % од основната плата. Поради ова не смеело надвор од законот да се прима посебен додаток како што се примало во СЈО, по околу 80-100.000 евра годишно.

Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 21.063ден или вкупно 81.243ден., на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помалнод 90.000 денари. Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500€, за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000€ мора да ја врати во буџетот.

Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно.

Само ова е исплатено по закон, односно Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Елизабета Јосифоска според законот смееле да примат додаток на плата во износ од 325€ месечно, односно по околу 6.000€ вкупно за 18 месеци додека СЈО имало законски мандат на овластен тужител. Разликата во парите до 80.000€ или 100.000€ кои им биле исплатени по договорите што ги склучувале со Катица Јанева се целосно незаконски примени средства, со чие давање/примање е направена злоупотреба на службената положба, оштетување на буџетот и проневера во службата (чл.353 и 354 од КЗ) и тие средства мора да се вратат во државниот буџет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести