Милошоски побара оставка од директорка на ДУИ

Објавил: Узунов Бобан | 19 септември, 2019 10:31

Милошоски побара оставка од директорка на ДУИ која расипнички трошела пари ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара оставка од Сермине Пурини, директорката на КИЦ.

” Директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ лесно троши буџетски пари, од Министерството за Култура и Град Скопје, па така за манифестацијата „Звуци на чаршијата” ќе исплати хонорари од 11.000 евра без ДДВ за убавата Елвана, пејачка од Албанија, за само 45 минути настап.
4.000 евра, без ДДВ, за Дафи Зеќири; Љум Бериша – 2.500 евра без ДДВ; Или Лимани – 2.500 евра, без ДДВ.
Вкупно 20.000 евра без ДДВ!!!
А би било многу подобро доколку има приоритет во трошењето на парите на граѓаните, на пример малку средства за некое играорно друштво, малку средства за инструменти на 5-6 сиромашни талентирани музичари, малку средства за тоалетите во училиштето „7ми Март” во Чаир и малку средства за една мешовита македонско-албанска група на млади музичари кои ќе ја развеселат чаршијата многу повеќе за само 1/10 од она што Елвана ќе го стави во џебот за 45 минути!
Почитувана Директорке, ваков луксуз можеби ѝ личи на Шведска, но во Македонија за ваков луксуз може да си размислите и за оставка!, напиша Милошоски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.