Поранешниот министер за надворешни работи, актуелен пратеник, Антонијо Милошоски, штотуку соопшти преку социјалните мрежи дека поднесува оставка на сите партиски функции

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 10:16

Милошоски поднесе “оставка”, еве што напиша во образложението

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот висок функционер на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен пратеник а поранешен министер за надворешни работи на Македонија, Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи најави дека поднесува оставка.

Милошоски во краткото образложение, својата оставка ја образложи во две точки.

Милошоски смета дека е виновен по два основи. Што го потпишал Договорот за стратешка соработка со САД, што создал услови за руско влијание и што со ЕУ постигнал договор за безвизен режим што било лажен патриотизам.

Милошоски напиша:

Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што:

1. Во Мај 2008-ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и

2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.

3. И сатирата е порака!

Како на оваа “оставка” ќе реагираат ЕУ и НАТО не е јасно, но се очекува САД да ги прати и сите пет помошници државни секретари да му честитаат на Милошоски што со сатира “ги уби” во поим.

За потсетување, Антонијо Милошоски има само  пратенички мандат но нема никаква партиска функција. Минатиот пат Милошоски објави дека имал закани од неговата баба, по што една водечка телевизија се упати да ја бара неговата баба, која впрочем е веќе почината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...