Милошоски со фејбук статус

Објавил: Узунов Бобан | 9 јули, 2019 10:19

Милошоски: Пред Заев да си даде оставка, да ги разреши Никола Димитров и Дане Талески затоа што биле должни да го известат за дипломатските правила за комуникација !

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски се огласи по скандалот на премиерот Заев со руските комичари. Според него, Заев како премиер ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација, а со тоа ја има нарушено тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, го има нарушено угледот на државата, а згора на тоа ја подрива и довербата на трети држави кон Македонија (САД, Германија, Грција, Русија) со тоа што открива доверливи разговори и нивни позиции кон чувствителни регионални и меѓународни прашања. 

Заев не само што ТРИ ПАТИ е насамарен од пренк-комичари од Русија (тел.разг август 2018, јан 2019 и април 2019), туку како премиер ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација, а со тоа ја има нарушено тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, го има нарушено угледот на државата, а згора на тоа ја подрива и довербата на трети држави кон Македонија (САД, Германија, Грција, Русија) со тоа што открива доверливи разговори и нивни позиции кон чувствителни регионални и меѓународни прашања.
Заев морал да знае дека разговор меѓу двајца државници се договара официјално преку амбасадорите на/во двете земји, се потврдува преку дипломатските советници во двата кабинети, а потоа се архивира/ споделува со министерот за надворешни работи. Доколку ова не го знаел Заев како премиер, тогаш пред да си даде оставка, нека ги разреши и Никола Димитров (МНР), и Дане Талески (советник за надворешни работи), кои биле должни да го запознаат со тие дипломатски правила.
Првиот телефонски разговор на Заев со “лажниот Порошенко” се случил август 2018та. Иако премиерот Заев го остварил лажниот разговор на начин спротивен на дипломатскиот протокол за меѓудржавна комуникација, тој сепак после тоа морал усно или писмено да го запознае министерот за надворешни Димитров за содржината на разговорот, а советникот Талевски морал да изготви писмена белешка за темите од разговорот. Зависно од темите, писмената белешка можела да биде класифицирана како државна тајна или строго доверливо. Потоа МНР Димитров бил должен со таквата белешка да ги запознае Претседателот на државата, нашиот амбасадор/ вршители на должност во амбасадата во Киев, директорите во МНР за европски и воневропски држави, а по негова проценка и нашите највисоки дипломати во Москва, во Берлин, Атина и во Вашингтон.
Доколку Заев го известел МНР Димитров за разговорот со “лажниот Порошенко” во Август 2018, и МНР ја известел нашата амбасада во Киев, македонските дипломати ќе биле обврзани да стапат во контакт со украинското МНР и кабинетот на претседателот на Украина, да направат follow up на темите на разговор, и да утврдат динамика на реализација на дел од заложбите и идеите на двајцата државници, согласно она што го разговарале телефонски. При таква една уредна дипломатска постапка лесно ќе се утврдело дека станува збор за комичарска или можеби шпиунска местенка и вториот и третиот разговор воопшто немало да се случат, а со тоа ќе се намалеле ризиците за понатамошно нарушување од страна на Заев на тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, дополнителното нарушување на угледот на државата, како и нанесувањето на дополнителна штета на меѓусебната доверба на Германија, Грција, САД и Русија кон Македонија заради откривање на нивни чувствителни меѓународни позиции или ругање на некои од нивните државници.
Ова што се случило со Заев и “лажниот Порошенко” е сериозен дипломатски скандал во низа, со многу штетни последици за репутацијата на македонските дипломати, и со реална мерлива штета за угледот на Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести